Се отру работник во фабрика за јаглерод диоксид

Во село Меџитлија, во неделата, во фабрика за производство на јаглерод диоксид, на подот во внатрешноста на фабриката пронајден бил починат Б.Р. (47) од Битола, вработен како оператор во фабриката, кој бил на работа.

Откако го забележал, друг вработен го извлекол Б.Р. надвор од халата и се обидел да го реанимира со масажа на срцето и со боца со кислород.

Веднаш потоа повикал Итна медицинска помош од чија страна е констатирана смрт без видливи траги на насилство. Телото на починатиот е префрлено во Клиничка болница Битола.

Увид извршила екипа на СВР Битола. За настанот е запознаен трудов инспектор.
Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Престелка во Чаир: Еден маж загина, друг е тешко ранет

Триесет и двегодишен маж е мртов, а педесет и двегодишен тешко ранет – ова е ...

Случајот „Монструм“ се враќа на почеток

Предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро во 2012 година ќе биде вратен во ...