Се разболе второобвинетиот во „Труст“ – судењето продолжува следната недела – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Се разболе второобвинетиот во „Труст“ – судењето продолжува следната недела

Поради влошена здравствена состојба на второобвинетиот во предметот „Труст“, Василије Авровиќ, судијката го одложи денешното судско рочиште.

Следното рочиште е закажано во вторник на 23 јануари. СЈО ги изведе пред судот сите докази, вклучително и бомбите, кои беа први аудиоматеријали пуштени во судницата. На ред се доказите на одбраната по што се очекуваат завршните зборови и пресудата.

Во случајот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство првообвинет е бизнисменот Сеад Кочан, како и уште три правни и две физички лица. Тие се обвинети дека со фалсификувани документи го добиле тендерот во ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука

Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука – 22 ноември. Ова го предвидуваат ...

Прифатени измените на Изборниот законик, ќе се бира привремен состав на ДИК

Собранието денеска во продолжение на 46. седница го донесе Предлог на закон за изменување на ...