Се реконструира патот од село Возарци до 2500 викенд куќи на Тиквешко Езеро

Сопствениците на над 2.5 илјади викендички во викенд населбата покрај Тиквешкото Езеро, конечно ќе добијат асфалтиран пат да стигнат до своите објекти.

Станува збор за коловозна лента долга 1100 а широка 5.5 метри за која општината ќе потроши четири милиони денари. Парите се обезбедени согласно договорите за заем и договорот за ИПА грант од Европската Комисија. Сево ова е  за развој на алтернативниот, планинскиот и езерскиот туризам во општината,рече градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.

– Одговоривме на неколку барања на жителите од урбаните и месните заедници. Во договор со неформалната месна заедница на викенд населбата, изготвуваме и урбанистички планови. По нивно завршување, спремни сме да пристапиме и кон асфалтирање и уредување на патната инфраструктура внатре во населбата, изјави Панов.

Патот е од големо значење за граѓаните кои гравитираат кон ова подрачје на Општината. Сопствениците, најчесто од Кавадарци, Велес и од Скопје, викендичките ги градеа изминатите 20-ина години,по принцип кому колку му е потребно со зафаќање на простор но и плажи покрај езерото. Поголемиот дел од објектите се огромни куќи на неколку ката со базент, дел од нив се постојано населени од рана пролет до доцна наесен. Со законот за легализација,дури една третина од вкупниот број на барања до општината пристигнаа токму од сопствениците на викендички на езерото.

За Канал 77 од Кавадарци Билјана Тошевски

Додади коментар

Би те интересирало и

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат Собранието да одлучи за Договорот со Бугарија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара јавна, отворена и итна седница во врска со најавата за ...

Интегрална верзија од Договорот со Бугарија

Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе биде објавен на 1-ви следниот ...

Close