Се урна воен авион во Шпанија, загина пилотот

Воен авион Ф18 се урна денеска при полетување во воената база во близина на Мадрид. Пилотот загина, соопшти шпанското Министерство за одбрана.

Воен авион Ф18 се урна денеска при полетување во воената база во близина на Мадрид. Пилотот загина, соопшти шпанското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во близина на базата Торехон де Ардос, околу 20 километри од Мадрид.

Ова е вторпат во една недела да се урне воен авион во Шпанија. Првиот случај беше на 12 октомври во близина на воената база во југоисточниот дел на земјата. И во овој случај загина пилотот, откако учествувал во парадата во Мадрид по повод одбележување на националниот празник.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Гевгеличанец претепан до смрт по расправија за мобилен телефон

Две лица се уапсени за убиството на 41-годишниот гевгеличанец кој вчера беше пронајден мртов. Според ...

Самоубиствен напад во џамија во Нигерија

Најмалку 15 лица загинаа во самоубиствен напад извршен во џамија во североисточниот нигериски град Муби. ...