Се урна ограда на фудбалски стадион во Франција – најмалку 29 повредени (видео) – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Се урна ограда на фудбалски стадион во Франција – најмалку 29 повредени (видео)

Инцидентот се случи во 16. минута од натпреварот меѓу прволигашите Амиен и Лил.

Најмалку 29 луѓе се повредени синоќа откако се урна заштитна ограда меѓу фудбалски терен и трибина за време на натпревар во северниот француски град Амиен. Четворица од нив се со тешки повреди и се хоспитализирани.

Инцидентот се случи во 16. минута од натпреварот меѓу прволигашите Амиен и Лил. Заштитната ограда се урнала под тежината на навивачите кои во еуфорија се спуштиле до дното на трибината кога нивниот тим (Лил) постигнал гол по што на стадионот Ликорн настанала паника.

Судијата го прекинал натпреварот откако тимови на Итна медицинска помош се упатиле кон повредените. Јавен обвинител изјави дека е отворена истрага за „ненамерно повредување“ со фокус на прашањето зошто бариерата попуштила.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Ренова и Силекс ремизираа без голови во Тетово

Ренова и Силекс одиграа без голови во првиот натпревар од 20. коло во Првата македонска ...

Ѓорѓиоски: Лани остваривме многу, плодовите допрва ќе ги собираме

Фудбалската федерација на Македонија во Скопје го одржа Редовното годишно собрание на кое беа присутни ...