Се’ уште нема потврда од грчкото МВР за апсењето на Грујевски и Бошковски

МВР се’ уште нема добиено официјална потврда од грчката полиција за апсењето на поранешните началници Горан Грујевски и Никола Бошковски во Солун.


Македонската информативна агенција синоќа објави дека двајцата поранешни началници во МВР, кои неколку месеци беа во бегство, се притворени во Солун, Грција.

Бошковски и Грујевски се обвинети од СЈО во случаите „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.
Двајцата од 18 јули, кога Апелацискиот суд им определи мерка притвор, се недостапни за
полицијата, најверојатно криејќи се со лажни идентитети. Тие се обвинети за уништување на
опремата за прислушување.

Би те интересирало и

Случајот „Монструм“ се враќа на почеток

Предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро во 2012 година ќе биде вратен во ...

Маж се заканил дека ќе ја запали зградата на Општина Арачиново

Вчера попладне, во канцеларијата на градоначалникот на Општина Арачиново влегол маж и се заканил дека ...