Се уште не е санирана инфраструктурата во село Порој оштетена од поплавите

Жителите од село Порој, бараат надлежните што поскоро да ги реконструираат мостовите во нивното село, кои беа уништени откако пред околу шест недели се излеа Поројска река.  Властите неколку пати ни ветија дека ќе се санираат последиците од поплавите, но состојбата не терен е иста, вели жител на Порој.

Мештаните не се задоволни од чистењето на коритото на Поројска река, каде се уште има наноси од земја и големи камења. Ако повторно надојде реката, наносите можат да завршат во нашите домови, рече жител на Порој

Од Општина Тетово, информираа дека ќе изградат нов мост во село Порој, кој ќе биде наменет и за возила и за пешаци. Градежните активности ќе започнат, очекуваме во секој момент да ни пристигне материјалот, велат властите.

Оттаму потврдуваат дека во план програам е и изградба на коритото на Поројска река, која е дел од акциониот план за превенција од нови поплави. Но реализацијата на овој план зависи од централната власт, која треба да одобри пари за оваа намена, потврдуваат градските власти

Поројска река се излеа на 5 јуни после обилните врнежи од дожд, кои го зафатија тетовскиот регион. Големите наноси од кал и камења кои ги донесе реката, уништија неколку мостови се оштети дел од останатата инфраструктура во Порој, а поплавена беше околу 50 хектари земјоделска површина.

Би те интересирало и

Акција „Вдоми куче“ во Куманово

Граѓаните на Куманово денеска на градскиот плоштад имаа можност да одберат миленик куче во акцијата ...

До пладне нема поднесени тужби од партиите до Управниот суд

До денеска во 12 часот нема поднесено тужби од партиите против одлуките на Државната изборна комисија ...