Симјановска на 80. место на првата велеслаломска трка на СП

Македонската скијачка, Лидија Симјановска денеска настапи во дисциплината велеслалом на Светското првенство во Сент Мориц, Швајцарија. Таа првата трка ја заврши на 80.позиција со време 1:17.41 минута што е за 15,4 секунди побавно од водечката Теса Ворли.

Французинката Ворли го отвори натпреварувањето, а нејзиниот стартен број 1 и’ донесе среќа и прво место со време 1:02.01 минута. Заостанување за 0,48 секунди има второпласираната Софија Гоџа од Италија. Третото место е за Микаела Шифрин од САД со време 1:02.73 или 0.72 секунди заостанување зад Ворли.

Следните натпреварувачки втората трка ќе ја започнат со повеќе од една секунда заостаток зад водечката.

Второто возење е закажано за 13 часот, а во него се квалификуваа првите 30 од првата трка.

Би те интересирало и

Божикното дрво што преживеа удар од гром пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска преживеа удар од гром, поставено е на ...

САД ќе испратат авиони на заедничка вежба со Јужна Кореја

Соединетите Американски Држави ќе испратат авиони од типот „Ф-22“ во Јужна Кореја, каде би требало ...