Синдикатот на „Еурокомпозит“ бара итна средба со Заев за решавање на проблемите во фирмата – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Синдикатот на „Еурокомпозит“ бара итна средба со Заев за решавање на проблемите во фирмата

Во знак на незадоволство од работењето на новиот менаџерски тим и неисполнетите ветувања Синдикалната организација на прилепскиот загубар Еурокомпозит најави штрајк и прекин на работењето во фирмата која е во доминантна државна сопственост. Првиот синдикалец Роберт Богданоски истакнува дека не се испочитувани договорте од средбата со премиерот Заев, ниту пак ветувањата од менаџерскиот тим:

-Директорот не го испочитува договорот за исплата на плати во месец јануари 2018 година.Неможност за обезбедување на редовна плата и подолго време немање  на суровини за работа. Во цела 2017 година просекот  на исплатени плати по вработен е  5-6 илјади денари месечно. Од неговото доаѓање досега нема потпипшано неден договор со деловните партнери па затоа сме на мислење дека овој менаџерски тим не е во состојба на одговори на потребите на вработените.Затоа како Синдикална организација бараме неотповиклива оставка од директорите и нивното раководство. Постои и сомневање дека фирмата ,,Еурокомпозит,, е оштетена со сомнителни трансфери од страна на ,,Композитна опрема,, за околу 90.000 евра за што се поднесени кривичлни пријави до МВР и Јавното Обвинителство,  изјави Богданоски, потенцирајчи дека за сите овие проблеми Синдикатот бара тна средба со Премиерот Зоран Заев.

Богданоски истакна дека бараат итна средба со прем иерот Зоран Заев   дополни и дека моментно за дел погони има работа, а дел не. Во погните кои работеле и немало услови затоа што веќе 10-ина дена во фирмата нема ни вода ниту пак суровини. Договорот бил до крајот на 2017 да се реши проблемот со неплатените придонеси од јуни 2012 и за 18 неисплатени плати,

Според Лазар Ангелески, ода гранковиот синдикат СИЕР при Сојузот на синдикатите на Македонија и по 6 месеци од доаѓањето на новото раководство  проблемите.не се решени

-Очигледно дека на повидок нема ниту решение за технолошкиот вишок. Има работа само за 50 вработени кои не може да обезбедуваат плата за останатите 250 вработени   работниците се принудени да решаваат за идните постапки. Државата односно Владат е сопственик на оваа фирма, таа е татко и мајка на фирмата и сметам дека немаше проблем да се решат состојбите во оваа фирма.

Директорот на ,,Еурокомпозит,, Александар Кузески во телефонската изјава најави дека наскоро ќе ги објасни состојбите и дека државата бара решение за ,,Еурокомпозит“  во кој работат околу 260 луѓе.

 

Зоран Димоски

Би те интересирало и

Со пари од ЕБОР ќе се зголемува бројот на соларни и ветерни електрани

Со 500.000 евра финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Владата ќе ...

Економски раст под четири проценти не е добар за Македонија

Стапка која е помала од четири проценти не е добра за македонската економија, вели поранешниот ...