Синдикатот на Југохром најавува протест пред Владата – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Синдикатот на Југохром најавува протест пред Владата

 

Претседателот на синдикатот на Југохром, Бајрам Амити вели дека ќе бараат од Владата да дозволи Југохром да работи, а во меѓувреме да се гради филтер станицата, за која ќе бараат директна финансиска помош од централната власт.

„Алтернатива е и Владата да посредува околу подогнувањето на кредити кои се потребни да се исплати фирмата, која го гради системот за отпрашување. Ако не не прими владата до крајот на неделава, најавуваме големи протести во Скопје“, рече Амити.

Вицепремиерот, Кочо Анѓушев вели дека ќе го прими синдикатот на Југохром, комбинат за кој како што изјави се прават напори да се рестартира, и истиот да работи според сите еколошки стандарди.

Југохром не работи 18 месеци откако државен иснпекторат, му наложи да престане да произведува, затоа што не ги исполнува еколошките норми за работа.

Фабриката започна со изградбата на системот за отпрашување, но градежните активности се оддолжија, поради финансиската немоќ на комбинатот редовно да ја исплаќа фирмата која ја гради станицата.

 

Зоран Димовски

Би те интересирало и

ВМРО-ДПМНЕ: Дуото Тевдовски-Анѓушев конечно признаа дека се неспособни да ја водат економијата на државата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ попладнево со писмено соопштение реагираше на денешните изјави на вицепремиерот, ёКочо Анѓушев и ...

Анѓушев и Тевдовски оптимисти дека ќе се реализираат капиталните инвестиции

  Со изградба на крупни инсфраструктурни проекти и одржливост на јавниост долг до зголемена ефикасност ...