Сините шлемови остануваат на Кипар до 31 јули – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Сините шлемови остануваат на Кипар до 31 јули

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предлага меѓународните мировни сили да останат на Кипар до 31 јули оваа година. Сегашниот мандат им трае до 31 јануари.

Во извештајот Гутереш изразува волја и одлучност да работи за обнова на преговорите меѓу двете кипарски заедници за повторно обединување на островот по неуспешниот преговарачки процес во јули минатата година.

– Ги поканувам заинтересираните страни да го зачуваат постигнатото досега во преговорите под покровителство на ОН и да го обноват својот дијалог за решавање на кипарскиот проблем – се вели во извештајот на Гутереш кој им е доставен на членовите на Советот за безбедност.

Би те интересирало и

ОН: Светот рапидно се затоплува

Трите последни години се најтопли откако се мерат температурите на воздухот. Темпото на раст на ...

Чешка: Парламентот му го одзеде имунитетот на премиерот Андреј Бабиш

Долниот дом на Парламентот во Чешка денеска му го одзеде имунитетот на премиерот, Андреј Бабиш ...