Синоќа уште 60 затруени гостиварци, не јаделе иста храна

Bо текот на ноќта, во гостиварската болница, лекарска помош побарале уште 60 нови лица со исти симптоми, дијареа и изнемоштеност, информира Министерството за здравство.

„Од епидемиолошките и другите спроведени мерки, со сигурност може да се констатира дека не постои поврзаност за консумирање храна од еден ист објект. Од Центарот за јавно здравје и ДСЗИ се на терен и ја следат состојбата. Во тек е обработка на податоци по што надлежните институции ќе излезат со соопштение. Од податоците и информациите, кои ќе ги добијат од подрачниот ЦЈЗ, доколку има потреба ДСЗИ ќе издаде решение со конкретни мерки“, се наведува во соопштението.

Инаку, во последните неколку дена повеќе од 1.000 лица од Гостивар и околните села побарале помош во гостиварската болница и се жалеле на болки во стомакот.

Од Државниот санитрарен и здравствен инспекторат сметаат дека не станува збор за труење со храна, а не ја исклучуваат можноста за труење од водата за пиење.

Би те интересирало и

Случајот „Монструм“ се враќа на почеток

Предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро во 2012 година ќе биде вратен во ...

Маж се заканил дека ќе ја запали зградата на Општина Арачиново

Вчера попладне, во канцеларијата на градоначалникот на Општина Арачиново влегол маж и се заканил дека ...