Склоноста на Џастин Теру кон неверство – можна причина за разводот со Џенифер Анистон – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Склоноста на Џастин Теру кон неверство – можна причина за разводот со Џенифер Анистон

Подолго време медиумите во САД пишуваа дека бракот на Џенифер Анистон и Џастин Теру е во криза, наводно затоа што таа не сакала деца, но тие ги негираа тие тврдења. Гласините долго време говореа и дека сега веќе поранешниот (втор) сопруг на актерката, цел живот искористувал богати жени, но двојката и тоа го демантираше.

Сепак на крајот, тие и официјално и соопштија на јавноста дека по две и пол години заеднички живот, се разведуваат.

– Инаку ќе го задржевме тоа за себе, но со оглед на трачевите и измислиците, решивме да ја кажеме вистината. Што и да се пишувало за нас, не доаѓа од нас, тоа се нечии лаги. Сакаме да ја задржиме меѓусебната почит и љубов, стои во известувањето на двојката до јавноста.

За контроверзите да бидат позачинета, во јавноста излегоа и фотографии направени кусо пред заедничкото соопштение, на кои Теру е на прошетка со две непознати пријателки.

Теру и Анистон својата врска ја започнаа мај 2011 година, а во август 2012., токму на прославата на нејзиниот 41. роденден, тој и ја запроси. Во 2015. се венчаа во својата вила.

Во соопштението тие велат дека одлуката за развод паднала кон крајот на минатата година, но таблоидите и претходно пишуваа, на пример, дека Џенифер својот роденден лани го прославила со пријателки во Малибу, додека Џастин бил во Њујорк

 

Извор: МИА

Би те интересирало и

Намирници кои може да ги конзумирате во вечерните часови без да имате грижа на совет

Многумина не можат да им одолеат на оброците во доцните часови, иако знаат дека во ...

Риз Витерспун ќе продуцира документарец за Мартина Навратилова

Познатата актерка, Риз Витерспун ќе продуцира документарен филм за поранешната тениска ѕвезда, Мартина Навратилова и ...