Скокнал од зграда да се самоубие, завршил на КАРИЛ со скршеници – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Скокнал од зграда да се самоубие, завршил на КАРИЛ со скршеници

Четириесет и четиригодишен маж се обидел да се самоубие скокајќи од зграда на улицата Маршал Тито во Гевгелија.

Како што соопшти полицијата, А.Д. (44) се качил на подкровјето од зградата и од висина од околу 15 метри се обидел да се самоубие при што се здобил со тешки телесни повреди во пределот на рацете, нозете и р`бетот.

Тој бил однесен во ЈЗУ-Гевгелија, каде е реанимиран, по што како итен случај е испратен на „КАРИЛ“-Скопје. Увид извршила увидна екипа од ПСОН-Гевгелија. /макфакс/

Би те интересирало и

Гостиварец уценувал девојка со компромитирачки фотографии

Полициската станица Гостивар соопшти дека поднела кривична пријава против Б.Л. (29) од с.Врапчиште-гостиварско, поради постоење ...

Пронајдено уште едно тело во Вардар

Вчера попладне, околу 12,30 часот во Секторот за внатрешни работи Велес било пријавено дека во ...