Скопјанец и’ се заканувал на девојка зашто му раскинала – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Скопјанец и’ се заканувал на девојка зашто му раскинала

Дваесет и шестгодишна скопјанка вчера во Полициската станица Карпош пријавила дека нејзиното поранешно момче В.С.Д. ја уценувало и и’ се заканувало. Откако на 30.04.2018 година ја прекинала љубовната врска со В.С.Д., тој и’ се заканувал и побарал да му даде 2.000 евра бидејќи бил повреден и дека ќе и’ го одзел старателството врз нејзиното дете, на кое тој не бил родител.

Тој и’ се заканил и дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина, а од неговиот фејсбук профил испратил фотографија и порака со компромитирачка фотографија на нејзината сестра, како и на две нејзини пријателки.

MВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би те интересирало и

Млад кривопаланчанец,актуелен советник во Општината од опозоциската ВМРО ДПМНЕ, под дејство на алкохол викендов навредувал и се заканувал на полициски службеници

За време на викендот,22 годишен жител на Крива Паланка,лице кое се наоѓа на висока позиција ...

Маж обесен, жена во бессознание откриена дрога кај лица од Демир Капија и Кавадарци

Тежок викенд во Тиквешијата. Синоќа некаде околу 21 часот,млада жена на возраст од 37 години ...