Скопјанец разменувал порнографски материјали со малолетници: Младите се’ уште неинформирани за сексуалноста

Скопјанец произведувал и дистрибуирал детска порнографија – соопшти денеска МВР. Експлицитните фотографии и видеа кои кај него ги пронашла полицијата, му ги праќале малолетници.

Младите во Македонија се’ уште немаат точни и научно потврдени информации, за да носат свесни и одговорни одлуки кога е сексуалноста во прашање. Невладиниот сектор и понатаму укажува дека на потребата од сеопфатно сексуално образование, но како што велат оттаму, надлежните институции се уште не се многу заинтересирани да го прошират ваквиот модел.

Четириесет и седумгодишниот скопјанец, В.Б. заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Според МВР, тој преку социјалните мрежи комуницирал со малолетни лица, со кои разменувал фотографии со експлицитна содржина. Во врска со тоа, а по претходно добиена судска наредба, полицијата извршила претрес во неговиот дом, но и во негови други простории, каде е пронајдена компјутерска опрема. Во неа,  по извршена форензичка анализа биле пронајдени фото и видео материјали со порнографска содржина.

Оваа вест следува неколку денови, откако во полицискиот билтен се најде информацијата за силувана малолетничка, која со сторителот се запознала преку социјалната мрежа Фејсбук.

Според Асоцијацијата ХЕРА погрешно е јавното мислење дека младите се дури и премногу информирани за сексуалноста преку интернет просторот.

-ХЕРА веќе со години иницира сексуалното образование да се воведе во основните и во средните училишта во Македонија – вели Драгана Дрндаровска од оваа Асоцијација.

„ХЕРА работи со едукатори и спроведува сексуално образование во повеќе средни па и во основни училишта. Резултатите од сексуалното образование се дефинитивно позитивни. Односно сме увиделе дека со воведување на сексуалното образование, конкретно и со Сеопфатната програма што ја нудиме има позитивни промени во однос на ставовите на учениците што ја поминале програмата и истата треба да ги заштити од насилство, да ги едуцира за човекови права и да им даде соодветни информации во врска со нивното сексуално и репродуктивно здравје“, потенцира Дрндаровска.

Иницијативата за сеопфатно сексуално образование – ССО опфаќа повеќе теми меѓу кои и насилство, граѓански аспекти, различности, врски и односи. Сексуалноста во домашното образование е покриена само со програмата Образование за животни вештини. Овој предмет се предава само на класен час, но искуството покажало дека наставниците не се чувствуваат целосно подготвени да работат на вака сензитивна тема.

 

 

Би те интересирало и

В петок пресуда за Лазаров за „шамарите во Центар“: Груевски не го коментира признанието на вина од неговиот сопартиец

  Преседан се случи на денешното судско рочиште за насилството во општина Центар, кога четвртообвинетиот ...

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да ...