Скопјанец ја малтретирал поранешната девојка

Вчера попладне во Скопје на локалниот пат кон населбата Драчево во близина на мостот на “Маркова река“, дваесет и петгодишната скопјанка, Ш.Т. била пресретната од М.Р. од с.Студеничани.

Истиот бил со друго лице и со употреба на сила ја внел оштетената во неговото возило, по што се упатиле во непознат правец. По некое време М.Р. го паркирал возилото и четириесетина минути физички ја малтретирал, а потоа ја оставил и си заминал, додека истата со такси возило, кое случајно наишло си заминала.

Во 00,40 часот оштетената се упатила на лекарски преглед  во ГОБ „8-ми Септември“, а потоа и во КЦ„Мајка Тереза“, каде по извршените прегледи констатирани и’ биле телесни повреди и била пуштена на домашно лекување. Причина за нападот најверојатно била претходна љубовна врска помеѓу неа и М.Р.

СВР-Скопје превзема мерки за целосно целосно расчистување на случајот.

Додади коментар

Би те интересирало и

Во Куманово изутринава уапсен Игор Југ, еден од напаѓачите во Собранието

Изутринава во Куманово е уапсен Игор Југ, еден од групата која за време на „крвавиот ...

Седумнаесет сообраќајки во Скопје: Еден возач е тешко повреден

Возач се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно 17 сообраќајни несреќи регистрирани ...

Close