Скопјанка пронајдена мртва – прободена во срцето – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Скопјанка пронајдена мртва – прободена во срцето

alg_knife_shadow

Четириесет и шестгодишната П.Ш. вчера попладне била пронајдена мртва во нејзиниот дом на улица „Саса“ во Скопје.

Во разговор со полициски службеници нејзиниот сопруг Д.Ш. (69)  изјавил дека истиот ден околу 11.30 часот кога се вратил од пазар ја пронашол во ходникот легната на стомак. Помислил дека и’ се слошило, ја завртел на грб да и’ помогне, но забележал дека во пределот на левата града има нож и убодна рана, по што повикал Итна медицинска помош, од каде констатирале смрт.

Увид извршил Јавен обвинител и екипа скопската полиција. Во 16.30 часот телото на починатата е предадено во Институтот за Судска Медицина за обдукција – соопштија од МВР.

Би те интересирало и

Обвинителството го расветлува синоќешното убиство во Чаир

Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Скопје го расветлува синоќешното убиство на жената во населбата Чаир. ...

Жена прободена со нож починала на пат кон болница

Жена од Тетово синоќа починала на патот кон болница, откако била повредена со нож во ...