Скопје во сино за Суперкупот

 

За 14 дена ќе започне долгоочекуваниот УЕФА Суперкуп 2017 на националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Градот наголемо се подготвува за овој голем настан, при што некои знаменитоски во градот деновиве се „обоени“ во сина боја.

Град Скопје ја организира неутралната фан-зона која ќе биде лоцирана на плоштадот Македонија. Во оваа зона ќе се организираат голем дел од предвидените активности и ќе биде овозможена богата музичка програма со познати изведувачи и диџеи. За оваа зона интерес покажаа четири од осумте официјални партнери на УЕФА, интерес кој досега не се  случил на друг Суперкуп.

На 7 и 8 август активностите и музичката програма ќе започнат во 11 часот и ќе траат сè до 19 часот“, стои во соопштението од Град Скопје.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Предизборен форум на З.Г Медиа Плус – Штип во мултимедијалниот центар на Канал 77

Во организација на З.Г. Медиа Плус-Штип, во мултимедијалниот центар Канал 77, се одржа предизборен форум ...

Во Кочани одбележан Светскиот ден без автомобили

Општина Кочани се вклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилност која се одбележува под ...

Close