Слободата на обвинетите од СЈО е во рацете на судиите од Кривичен

Судиите од кривичните совети од Основниот суд Скопје 1 денеска треба да донесат одлука по обвиненијата и барањата за определување мерки за претпазливост и мерка притвор за случаите на Специјалното јавно обвинителство што вчера беа примени во Судот.

Предметите „Тотал“, „Тревник“, „Тифани“, „Титаник“ и „Тортура“ преку автоматска распределба на системот АКИМС се доделени во работа за оценка на обвинителен акт кај судијката Моника Бахчовановска, сопруга на функционер на ВМРО-ДПМНЕ, која јавноста ја памети по тоа што изрече казна затвор за фирма, и меѓу другото, по фактот дека во јануари Граѓанскиот Суд ја бараше да се појави како тужена преку оглас во Службен весник.

Предметите што се во надлежност на Одделението за организиран криминал исто така преку автоматска распределба се доделени кај неколку судии.

Кај судијката Лидија Петровска е распределен предметот „Тарифа“. Нејзиното име се спомнуваше и во прислушуваните разговори и за која СЈО поднесе претставка до Советот за утврдување факти за нестручно постапување.

Кај судијата Горан Бошевски предметите „Трезор “ и „ Тенк“, кај судијата Верка Петковска, која го води случајот „Диво Насеље“ е предметот „Титаник-2“, кај судијата Ленка Давитковска предметот „Топлик“. Кај судијата Ивица Стефановски е предметот „Тендери“. Тој беше претседател на Советот кој постапуваше во случајот „Монструм”, а пред неколку години го судеше и предметот „Керозин“, кој заврши со затворски казни, речиси за сите обвинети. Кај судијата Татјана Михајлова се предметите „ТНТ“ и „Траекторија“. Тоа е судијката која реши да ги издвои доказите за прислушуваните материјали, и за која СЈО поднесе претставка до Советот за утврдување факти за нестручно постапување.

Специјалното јавно обвинителство вчера поднесе 17 обвиненија за 18 предмети против вкупно 94 физички и седум правни лица. Се бара мерка притвор за 18 лица и мерка претпазливост за 47 лица.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Со силна експлозија во Штип уништена авионската бомба

Успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна која пред речиси еден месец беше ...

Средба на Заев со Бакир Изетбеговиќ и Младен Иваниќ

На денешната посета на Босна и Херцеговина, премиерот Зоран Заев се сретна и со Бакир ...

Close