Словачка: Министерот за внатрешни работи даде оставка поради убиството на новинарот – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Словачка: Министерот за внатрешни работи даде оставка поради убиството на новинарот

Словачкиот министер за внатрешни работи, Томаш Друкер денеска изјави дека поднесува оставка, само неколку недели откако ја презеде функцијата. Тој својата оставка ја образложи со тоа дека не може да најде причина за да го разреши шефот на полицијата Тибор Гашпар.

Десетина илјади демонстранти вчера учествуваа во антивладините протести во Братислава, а побараа и истрага за убиството на словачкиот новинар Јан Куциак и неговата вереница. Протести се одржаа и во источниот дел на Словачка.

Демонстрантите побараа и оставка на шефот на полицијата Гашпар и претседавачот со Специјалното обвинителство за борба против корупцијата Душан Ковачик.

Протестите во Словачка почнаа по убиството на Куциак во февруари и резултираа со оставка на долгогодишниот премиер Роберт Фицо и претходникот на Друкер, Роберт Калињак.

 

Извор: МИА

Би те интересирало и

Ирачки авиони извршија напади врз позиции на ИД во Сирија

Ирачкото Воено воздухопловство во координација со сириската армија, денеска изврши напади врз позиции на џихадистичката ...

Белгиски фирми извезувале забранети хемиски супстанци во Сирија

Три белгиски фирми се обвинети дека помеѓу 2014 и 2016 година во Сиријаи спратиле 96 ...