Словенија го ограничува количеството трансмасни киселини во прехранбените производи – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Словенија го ограничува количеството трансмасни киселини во прехранбените производи

Кондиторските и пекарските производи коишто се продаваат на словенечкиот пазар во иднина не смеат да содржат повеќе од два отсто трансмасни киселини од вкупната количина маснотии во еден продукт. Новиот правилник влезе во сила од вчера, но е предвиден и период од една година за прилагодување.

Трансмасните киселини се незаситени масни киселини коишто своите посебни својства ги добиваат по индустриска преработка на растителни масла, односно нивна хидрогенизација.

Според некои истражувања, тие предизвикуваат зголемување на холестеролот и можат да предизвикаат циркулациски болести, како што се артеросклероза, и болест на срцевите мускули. Затоа, постои тенденција на намалување на нивната употреба во прехранбените производи.

Намалувањето на количината на трансмаснотиите, е дел од мерките од словенечката национална програма за прехрана, телесни активности и здравје, која го опфаќа периодот до 2025 година.

Извор: МИА

Би те интересирало и

По седум години можно проширување на веќе реформирана Унија

Враќање на Западен Балкан во воените 90-ти години не е изгледно. Политиката на проширување и ...

Србија официјално ќе забрани користење пластички кеси

Србија ќе забрани употреба на тенки пластични кеси и ќе воведе задолжителна наплата на биоразградливи, ...