Словенија доби три четвртини од Пиранскиот Залив

Словенија доби три четвртини од Пиранскиот Залив, но не доби излез во меѓународни води, туку премин низ дел од хрватските територијални води, одлучи денеска Арбитражниот суд во Хаг. Коридорот до меѓународни води широк е околи 2,5 наутички милји и словенечките бродови и авиони ќе имаат слободен премин низ хрватското подрачjе.

Арбитражниот суд во Хаг наведе дека копнената граница меѓу Словенија и Хрватска во голем дел не е спорна.

Хрватската власт и опозиција пред објавувањето на одлуката на Арбитражниот суд излегоа со единствен став дека арбитражниот договор за Хрватска е „мртва буква на хартија“ и оти на мирен и трезвен начин треба да се бара друг начин за решавање на територијалниот спор за морската граница.

Словенија соошти дека одлуката на Арбитражниот суд мора да се почитува.

Спорот меѓу Словенија и Хрватска датира уште од 1991 година и се однесува на суверенитетот на речиси ненаселена територија од 13 километри квадратни и на граничната линија во водите на Пиранскиот Залив, од што зависи дали Љубљана ќе има директен излез на отворено море.

Поради спорот, Словенија ги блокираше преговорите за членство на Хрватска во ЕУ речиси 10 месеци, по што Загреб се согласи на судска арбитража.

Додади коментар

Би те интересирало и

Во Трст – Порано по фармерки, сега по политичка и економска ренесанса за Балканот

Заедничко за овие иницијативи, договори и планови од Берлинскиот процес е поврзување на инфраструктурата и ...

Пожар во луксузен хотел во Истанбул

Пожар избувна рано изутринава во еден луксузен хотел со пет ѕвезди во истанбулката населба Бајрампаша. ...

Close