Словенците победија, Хрватска губи околу три четвртини од спорниот Пирански Залив – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Словенците победија, Хрватска губи околу три четвртини од спорниот Пирански Залив

Постојаниот арбитражен суд во Хаг пресуди во корист на Словенија во граничниот спор кој таа држава и Хрватска го водеа околу Пиранскиот Залив јавуваат хрватските медиуми.

Словенија доби три четврти од Пиранскиот Залив, не доби директен излез во меѓународни води но доби премин низ дел од хрватското море, гласи одлуката на Арбитражниот суд. Коридорот до меѓународните води е широк околу 2,5 наутички милји и според одлуката на судот словенечките бродови и авиони ќе можат слободно да минуваат низ хрватската територија.

Претседателот на Постојаниот суд во Хаг Жилбер Гијом прочита дел од пресудата според која Света Гера, највисокиот врв во близина на хрватската граница со Словенија, ѝ припаѓа на Хрватска, додека остатокот од Пиранскиот Залив ѝ припаѓа на Словенија.

„Трибуналот носи одлука дека Пиранскиот Залив има статус на внатрешни води. Го имал во југославија, а го задржал и подоцна. Границата ќе биде рамна линија“, кажа Гијом.

„Словенија има слобода на излез на отворено море. Тука се смета слободата на движењето, авионите, бродовите, каблите и цевководите. Тие слободи се однесуваат на сите цивилни и воени бродови без оглед на националноста. Уживањето на овие права се однесува не само на словенечките летала и пловила, туку у на бродовите и леталата кои патуваат под сите други знамиња“, гласи дел од пресудата на Арбитражниот суд во Хаг.

Извор: МКД

Би те интересирало и

Бугарското Собрание го ратификуваше Договорот за добрососедство и соработка со Македонија

Бугарскиот Парламент денеска го ратификуваше Договорот за добрососедство и соработка со Македонија, откако  тој доби ...

Поворката со телото на Оливер Ивановиќ тргна низ Косовска Митровица за Белград

Голем број на граѓани од Северна Митровица но и од Централна Србија пристигнаа ноќеска и ...