Смрчакот се роди во Тиквешкиот регион, една од највкусните и најскапо платените печурки – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Смрчакот се роди во Тиквешкиот регион, една од највкусните и најскапо платените печурки

Шумските плодови од еколошки чистите средини кај нас се приоритетни за откуп од страна на бројни откупувачи од земјава и странство. Во моментов најактуелна за печуркарите е смрчакот кој најчесто расте сам а понекогаш и во групи на разни места.

Берачите од Тиквешијата се упорни на терен да соберат килограм повеќе од рано утро до пладне. Времето се погоди, сонце, дожд, ја берам со години и знам каде можам да ја најдам, раскажува за Канал 77 Атанас Стамаџиев од Кавадарци.

–  Во планината ги има најмногу во моментов, ги распознаваме по читање, имаме книги, секоја печурка од овој вид си има и свое име, ние ги распознаваме и каде растат, се појавуваат од почетокот на април до 15 мај, објаснува овој печуркар.

Стамаџиев вели дека оваа година родот на смрчки бил богат, дел од нив завршувале кај нив на трпезата а дел продавал на фирма од Радовиш, која потоа како замрзнат производ ги извезувала во Италија.

– Има откупувачи од Битола, Радовиш, Велес има од ссекаде, доаѓаат и ги земаат смрчките, раскажува Стамаџиев.

Нашиот соговорник вели дека многу печурки од оваа сорта се набрале сезонава а зависно од квалитетот цената се движела од двеста до седумстотини денари.

-Има и за јадење а има и за продажба, цените почнуваат од двеста до седумстотини денари, повеќе видови се кога нема дожд послабо е а кога ќе заврне има смрчак. Добро може да се заработи од нив, еве на пример ако набериш 5 кг дневно за нив ќе добиеш убава дневница од 3500 денари што не е малку, вели тој.

Некои истражувања покажале дека смрчакот расте многу повеќе на опожарени места. Во приказните фениксот се издигнува од пепелта а смрчакот во реалноста, горењето на шуми овозможува после дожд, да има многу род. Податоците од Стопанската комора на Македонија велат дека околу 50. 000 домаќинства во земјава собираат шумски плодови а над 10 милиони долари годишно остварува приход државата од извоз на шумски плодови.

Билјана Тошевски

Би те интересирало и

Градоначалникот Јованоски ги прими и им врачи подароци на трите топ менаџерки од Прилеп

Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски претпладнево во својот кабинет оствари прием за трите прилепчанки менаџерки:Ирена ...

Времен сообраќаен режим на дел од автопатот Велес-Катланово

Времен режин на сообраќај ќе се воведе од утре до 10 мај на автопатот А1(Е-75) ...