СНС ја одби понудата на Николиќ за повторна кандидатура за претседател на Србија

Претседателството на владејачката Српска напредна партија (СНС), денеска ја одби понудата на актуелниот српски претседател Томислав Николиќ „упатена кон Александар Вучиќ“, околу поддршката на повторната кандидатура за претседател на државата –  изјави потпретседателот на Партијата, Милош Вучевиќ.

„Не можам да одам во детали но ќе Ви кажам дека Претседателството ја одби понудата на Николиќ“, вели Вучевиќ за Радио телевизија Војводина.

Томислав Николиќ и покрај противењето на премиерот, сакаше и втор претседателски мандат, со што предизвика разногласија во српската Влада. Изворите велат дека забелешката на Вучиќ била во тоа што неговиот сопартиец својата одлука не му ја соопштил прво нему, па на тој начин „ тој нема намера да му се јавува, како што и не очекува Николиќ да му се јави, оти повеќе и не го интересира”, пренесува белградски „Блиц“.

Комуникацијата помеѓу двајцата лидери се сведе на писмото испратено од Николиќ до Вучиќ, во кое бара, доколку не добие втора претедателска кандидатура, да му се врати сето она што му го отстапил на Вучиќ кога станал претседател, а тоа се функциите премиер и лидер на СНС.

Додади коментар

Би те интересирало и

Хаљити: Кадри Весели в четврток ќе биде избран за претседател на косовскиот Парламент

Заменик претседателот на Демократската партија на Косово, Џавит Хаљити, тврди дека на 24 август за ...

„Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Грција за еден степен

Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ (Fitch) го зголеми кредитниот рејтинг на Грција за еден степен, од ...

Close