Собранието денеска ќе го укине екстерното и ќе го продолжи мандатот на градоначалниците

Измени на Изборниот законик и измени на три закони од образованието ќе бидеат разгледувани на денешната седница на Собранието.

Измени на Изборниот законик и измени на три закони од образованието ќе бидеат разгледувани на денешната седница на Собранието. Пратениците денеска ќе треба да изберат и претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието.

Во Изборниот законик се менува членот 16 и се предлага изборoт за членови на советите и за градоначалниците да се одржат во првата половина на октомври. Мандатот на членовите на советите и на градоначалниците од изборите одржани на 24 март 2013 година трае до изборот на новите членови на советите и на градоначалниците.

Пратениците денеска треба да го укинат и екстерното тестирање и за тоа се предлагаат измени во Законот за основно образование, Законот за средно образование и во Законот за наставници во основно и средно образование.

Целта на измените на овие закони, како што бараат предлагачите група пратеници, е екстерното тестирање целосно да се укине поради штетните последици кои ги предизвика во изминатите неколку години. Со овие измени се укинува екстерното тестирање како проект што предизвика најголем револт кај наставниците, како и кај децата и нивните родители и се девалвираат наставниците.

Во предложените измени на овие закони се предлагаат измени и на подзаконските акти поврзани со екстерното тестирање.

Извор: ПлусИнфо

Би те интересирало и

Откажни летови на скопскиот аеродром, забавен патниот сообраќај

Маглата во скопската котлина и натаму го попречува авиосообраќајот  од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ...

Кампања на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за подигнување на јавната свест за поттикнување на граѓанското учество во подобрување на квалитетот на животот

#АКО ЈАС СЕ ПРАШУВАМ (MKD) #NËSE UNË PYETEM (ALB) #АКО СЕ ЈА ПИТАМ (SERB) #AKO ...