Собранието ќе расправа за продолжување на кризната состојба заради мигрантите – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Собранието ќе расправа за продолжување на кризната состојба заради мигрантите

Предлог-одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија денеска е на дневниот ред на две собраниски комисии и на пленарна седница.

Прво за ова ќе има расправа на комисиите за одбрана и безбедност и на законодавно-правната комисија.

Во 11 часот е закажана седница на Собранието на која, исто така, на дневен ред е предлог на одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ Македонија.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

„Тврдокорните“ протестираа против Законот за јазиците

  „Тврдокорни“ , „Македонските обединети сили“ и уште неколку здруженија, денеска протестираа пред македонското собрание ...

Бачев ќе ги поништува документите за влез на Македонија во ЕУ и НАТО

„Народното движење за Македонија на денешниот конгрес, одлучи да се преимени во „Единствена Македонија“. Избрани ...