Собранието ќе расправа за разрешувањето на Марко Зврлевски

Разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски денеска е на дневен ред на шестата седница на Собранието.

Точката е 30-та на дневниот ред, но, според најавите на претседателот на Собранието, Талат Џафери, се очекува да биде меѓу првите на седницата и денеска да се расправа за неа.

Предлогот Зврлевски да биде разрешен од функцијата јавен обвинител е поднесен од Владата поради, како што се наведува во дописот од Собранието, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во документот се наведува и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата, како и поради тоа што не поднел барање за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и нарушување на угледот на функцијата.

Барањето за разрешување, Владата го достави и до Советот на јавни обвинители којшто на седница го прифатил предлогот за разрешување на Зврлевски.

Преземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...

Нормализиран железничкиот сообраќај

Железничкиот сообраќај во Македонија е нормализиран откако е исплатен вториот дел од платата на машинскиот ...