Совети за младите ергени – како да ја побарате за жена

Да се отиде во ресторант и таму да ја запросите веќе е видено клише, а и идеата не е така оригинална, па затоа многумина ергени бараат нови начини како да го направат “вистинскиот” чекор.

Земете ги во предвид карактеристиките што ја одликуваат вашата партнерка, но и она што вас ве прави посебни како пар.

Предлогот за брак би поминал најдобро доколку ги земете во предвид овие дава параметри. Она што вас како пар ве прави поразлични од другите, може да помогне при создавањето на оргинална идеја.

На пример, ако сте авантуристички тип тогаш вашата партнерка можете да ја побарате во балон за летање и слично, звучи лудо но сепак откачено нели.

Поставете знаци кои што партерката би требала да ги следи со намера да стигне да вистинскиот поклон за неа – прстенот.

Сетете се на првото ваше излегување, вашиот прв состанок, првиот бакнеж или некој друг важен момент во вашата врска и побарајте ја за жена токму на тоа место.

Доколку пак немате никаква идеја, тогаш разговарајте со вашите пријатели. Самиот разговор може да ве потикне на нешто креативно.

И за крај, запомнете дека најважно е да земете во предвид што и би и се допаднало на вашата партнерка, а не што ви се допаѓа вам. На пример: доколку таа не сака да привлекува внимание, тогаш немојте тоа да го правите во јавност.

Едноставно правило е дека во овој миг не смее да има никакви грешки!

Би те интересирало и

Евтин начин за белење на заби во домашни услови

Доколку сакате да ги избелите забите во домашни услови, одличен е методот со користење на ...

Евтин трик за двојно побрзо сушење на косата со фен

Иако многу фризери советуваат кога можете да го избегнувате сушењето на косата со фен, кога ...