Совети како да купувате парфем

Психолозите дошле до исклучителни откритија. Поедини парфеми на мажите им оставаат впечаток дека жените што ги користат имаат пет килограми помалку.

Тоа објаснува зошто некои мириси ги стимулираат сексуалните асоцијации кај спротивниот пол. Ви откриваме 6 совети како успешно да купите парфем.

Младите индијанки го користеле јасминот затоа што е моќен афродизијак. Немојте често да го менувате парфемот затоа што мирисот може да биде ваш заштитен знак,

Утро
За да купите парфем тргнете рано наутро кога чувството за мирис е најосетливо.

Купување со став
Немојте да дозволите да ве понесе реклама, билборд, убава амбалажа…тоа се само трикови чија цел е подобар профит.

Како сакате да мирисате?
Одлучете однапред дали сакате да мирисате свежо, на овошје, цвеќе или на некој ориентален „потежок“ мирис.

Картонска проба
Парфемите прскајте ги на картон предвиден за проба, а само оние кои што влегле во потесен избор нанесете ги на својата рака, на зглобот над дланката.

Носете кафе додека купувате
Помеѓу мирисања на два парфеми, за да не ви се измеша се помирисајте неколку зрна пржено кафе.

Дајте си време
Ако не сте се пронашле себе си во некој мирис, немојте ништо да купувате, излезете од продавницата и пуштете мирисот да остане на вас во текот на денот. Тој мирис што ќе ви се допадне и навечер е оној вистинскиот.

Додади коментар

Би те интересирало и

Модниот додаток од деведесеттите повторно е хит

Секоја љубителка на серијата „Сексот и градот“, веројатно се сеќава на онаа легендарна сцена, кога ...

Тренди фризура со подмладувачки ефект

По крајот на летото, фризерсите често советуваат да направите некоја промена во изгледот на својата ...

Close