Совети од мајката за ќерката

Научи да кажеш не, грижи се за внатрешната убавина, сфати дека убава жена е онаа која блеска и плени со својата личност, а не само со физичкиот изглед. Не дозволувај да се изгубиш себе поради мажите, се некои од мудрите реченици  со кои би требало да ја подготвите ќерката.

Секоја мајка сака да ѝ ги даде најдобрите совети на својата ќерка, за да ја заштити од неуспех и болка, да ѝ биде поддршка или да ја научи на нешто пред да згреши.

Иако не секогаш ќерките ги слушаат советите во вистинскиот момент, но добро е да се знаат во случај да се најдете во некоја ситуација во која баш би сакале некој да ви помогне со совет.

Можеби некои мајки не знаат да ги пренесат советите на соодветен начин.

Ви издвојуваме 12 универзални и задолжителни совети кои секоја мајка треба да ѝ ги каже на својата ќерка.

Материјалните работи нема да те направат среќна

Во моментот кога трчаш по некои нови чевли или облека и мислиш дека тоа е она што ќе те направи најсреќна, не заборавај дека во еден момент тие ќе бидат „демоде“  и нема да те прават вечно среќна. Она што вистински и долготрајно ќе те исполни е она што веќе го имаш, љубовта и секојдневните ситници кои те прават среќна.

Грижи се за внатрешната убавина

Во ред е да се трудиш да изгледаш убаво, но ако тоа ти единствената главна цел, тогаш не си на вистинскиот пат. Не заборавај дека вистинската убавина доаѓа однатре. Убава жена е онаа која блеска бидејќи е задоволна, исполнета и плени со својата убавина.

Немој да се изгубиш себе заради мажите

Целта на заљубувањето е да пронајдеш маж на кој ќе му се допаѓаш онаква каква што си. Немој да се преправаш дека си луда за фудбал, Формула 1, филмови или игри само затоа што нему му се допаѓаат. Исто така, немој да се преправаш дека не сакаш романтични драми, само затоа што него му се досадни. Жртвувањето во врската мора да постои, но никогаш немој да се изгубиш себе. Оној кој вистински те сака, ќе те прифати каква што си.

Научи да кажеш „Не“

Во овој свет мора да научиш да се бориш со луѓето и не смееш пред сите да ја спушташ главата, туку да покажеш став. Суптилно, женствено, интелигентно, но дај им до знаење дека имаш свое Јас. Често ќе бидеш соочена со тешки избори. Затоа секогаш послушај го оној глас во главата кој тивко ти шепоти, но упорно ти кажува дека нешто не е во ред со тоа што го правиш. Научи кога и кому треба да кажеш „Не“.

Не се споредувај со другите

Можеби ова нема да ти се допадне, но секогаш некој ќе биде поубав, поталентиран, поуспешен или побогат од тебе. Тоа никогаш не значи дека другата личност е подобра или посреќна. Животот не е натпревар туку патување, затоа проживеј го на најдобар можен начин.

Пријателите ќе ти го разубават животот

Кога еднаш ќе најдеш вистинска пријателка, искрена и верна, чувај ја како највредно нешто во животот. Мажите доаѓаат и заминуваат, но вистинската пријателка ќе биде со тебе до крајот на животот, во добро и во зло.

Запознај ја својата баба

Запрашај се дали ѝ посветуваш доволно време на баба ти? Таа има големо животно искуство и би било штета да не научиш ништо од неа. Тажната вистина е дека таа нема да биде засекогаш покрај тебе, затоа не пропуштај прилика да ја запознаеш вистински, додека уште имаш време.

Прво мора да се сакаш себе

Нема да им се допаднеш на другите, ако прво не си се допаѓаш сама на себе. Жените често опсесивно посакуваат да бидат прифатени од сите, но тоа е невозможно. Единствена личност која мора апсолутно да те сака во секој момент си самата ти.

Сексот мора да биде забавен

Не треба да брзаш со сексот, но кога ќе се чувствуваш подготвена, запомни – тој треба да биде забавен и убав. Ако на партнерот не му е важно дали се чувствуваш убаво, тогаш тој не е добар избор за тебе.

Не е секој проблем крај на светот

Ако секое разочарување со кое се соочуваш го доживуваш како најголем удар во животот, на никого нема да му бидеш симпатична. Затоа гледај ги работите од поинаква перспектива. Кога ќе се соочиш со проблемот, запрашај се дали е тоа навистина толку важно и дали ќе биде и во следните пет дена, месеци, години. Не ги губи нервите за неважни работи.

Кажи што мислиш

Кога имаш некое мислење за нешто или кога се чувствуваш дека некој не се однесува чесно кон тебе, кажи го тоа гласно. Реагирај на неправда. Тоа е твое право и твоја обврска. Можеби некого ќе изнервираш со тоа, а можеби и ќе го импресионираш. И едното и другото е сосем во ред.

Иако понекогаш се караме, мојата љубов е безусловна!

Ќе има денови кога поради нешто ќе ме мразиш кога нема да се согласуваме најдобро, но не заборавај дека твојата мајка во секој момент те сака најмногу и дека секогаш ќе биде покрај тебе. До крајот на животот.

Би те интересирало и

Принцовите Вилијам и Хари на премиерата на „Војна на ѕвездите” во Лондон

Британските принцови Вилијам и Хари, на изненадување на љубителите на научната фантастика, синоќа и се ...

„Епл“ сака да ја купи апликацијата за препознавање мелодии „Шазам“

Американската технолошка компанија „Епл“ преговара за преземање на апликацијата за препознавање мелодии и песни „Шазам”, ...