Советниците на општина Дебрца денеска пак ќе решаваат за регионалната депонија

За иницијативата за референдум „за“ или „против“ изградба на регионална депонија на територијата на општина Дебарца, денеска советниците ќе имаат координација за да се  договорат и да јапродолжат прекинатата седница за ова прашање.

На територијата на оваа општина планирана е изградба на регионална депонија во близина на селото Годивје.

Во вторникот обидот на седница на Советот на општината да се реши ова прашање заврши со расправија и меѓусебните обвинувања на советниците.

Жителите на општина Дебрца еднаш веќе излегоа на протест против предлогот на Министерството за животна средина за изградба на регионална депонија.
Жителите велат дека не сакаат фабрика за отпад во најчистата околина и бараат министерството веднаш да изнајде нова локација за депонијата.
Против изградбата на депонијата е и градоначалникот на општината Игoр Трајкоски. Тој побара советниците итно да распишат референдум.
И екологистите предупредуваат дека во сливно подрачје како охридското не треба да се дозволи изградба на регионална депонија на која ќе се носи смет од повеќе општини затоа што е голем е ризикот од поголемо загадување на регионот.
Од Министерството за животна средина велат дека анализите покажале дека најсоодветна е локацијата Годивје и гарантираат дека со тој проект трајно би се решиле проблемите со дивите депонии во регионот, без да има какви било еколошки штети.
Превземено од: МКД

Би те интересирало и

За една година СВР Тетово има дарувано двесте единици крв

Секторот за внатрешни работи Тетово, успешно ја организираше последната крводарителна акција планирана за годинава. Вработените ...

Љубе Бошковски: Во Македонија мора да се врати критичката свест

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски вчера во Прилеп присуствуваше на отворањето на нови ...