Советот на јавни обвинители ќе избира наследници на Гешковска и Илиевски

Советот на јавни обвинители распиша огласи за избор на обвинители во неколку обвинителства во државата, како и за шефови на скопското и битолското обвинителство, како и на Обвинителството за гонење сторители на организиран криминал и корупција, кое остана испразнето по заминувањето на Јован Илиевски за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Ќе се избираат еден обвинител во републичкото јавно обвинителство, двајца во Вишото обвинителство во Скопје, еден во Вишото обвинителство во Гостивар, како и седум обвинители во Обвинителството за организиран криминал. Ова значи дека пропаѓаат последните огласи објавени пред шест месеци бидејќи мнозинството членови на претходната седница одлучи да се објават нови избори.

Како што дознава Макфакс, дел од членовите побарале од претседателот Петар Аневски да се извини околу неговата изјава во медиумите по повод гласањето на членовите околу барањето на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Минатата недела дури  осум членови гласаа позитивно, а само Аневски се изјасни против.

Аневски за порталот „Сакам да кажам“ изјави:„Сончогледи станаа сите. Се свртеа одеднаш од своите досегашни ставови и одлуки“. Но, Аневски не се извинил и рекол дека не мислел на сите и погрешно бил разбран.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Центарот на Тетово раскопан половина година

Центарот на Тетово половина година се дави во прашина, поради запрените активности за реконструкција на ...

Од попладне врнежи во западните делови

Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, во западните делови ќе има локален дожд, кој ...

Close