Совет за мајките: Како да се нашминкате за 5 минути

Да се биде мајка значи да се нема доволно време за себе. Но, не грижете се, со нашите совети ќе бидете убави и подготвени да тргнете за само неколку минути!

Знаеме дека еден од најголемите проблеми на мајките кои работат е тоа што немаат доволно време да се подготват за на работа или за било кое друго излегување надвор од домот. Доколку стигнете убаво да ја искомбинирате вашата облека, често може да се случи за шминкање да не ви остане време.

За вас издвоивме пет едноставни чекори преку кои може да стигнете да направите неутрален “мејкап” и тоа за само неколку минути, при што на вашето изморено лице ќе му дадете малку свежина.

1. Чекор: Подлога

Нанесете ја подлогата за пудра на целото лице и почекајте половина минута кожата убаво да ја впие. Во случај да не користите подлога, може да ја замените со лесна дневна крема за лице.

2. Чекор: Коректор

Коректорот за подочници претставува нешто што секоја мајка, посебно онаа која има мало бебе, мора да го има помеѓу своите шминки. Кога избирате боја, внимавајте да ја изберете онаа која е најблиска со бојата на вашиот тен. Нанесете по една линија од коректорот под очите, а потоа со помош на еден прст натапкајте ја во пределот под очите.

3. Чекор: Пудра

Следниот чекор претставува нанесувањето на течната пудра. За неа важи истото правило како и за коректорот, гледајте бојата на пудрата да биде што е можно послична со бојата на вашата кожа. Ставете по малку на двете дланки и пополека размчкајте ја по целото лице. Водете сметка да не оставите линии на рабовите на лицето, бидејќи тоа често делува неуредно.

4. Чекор: Руменило

Како би постигнале посвеж изглед, одберете руменило во светло розева боја. Со помош на четка за руменило нанесете го на јаболчниците, но немојте превисоко. Иста боја на кармин или балзам нанесете на вашите усни. Ефектот ќе биде неверојатен.

5. Чекор: Маскара

Кога ќе го комплетирате лицето, последно што треба да направите е да ги истакнете трепките со помош на маскара. Купете изразито црна маскара за да постигнете подобар ефект, и во три потези подготвени сте за излегување!

Извор: Среќа

Би те интересирало и

Tрикови на Анџелина Џоли за како до подолги нозе и супер половина

Анџелина Џоли беше фотографирана во Лос Анџелес како оди на промоција на нејзиниот нов филм ...

Скопје пулсира во моден ритам по шеснаесетти пат

Шеснаесеттото издание на Моден Викенд Скопје донесе нова модна свежина на домашна сцена. Македонските дизајнери ...