Совет – како да останете вечно млади

Младоста е нешто незаменливо, а нешто многу брзо минливо. За да не бидете носталгичари по минатото, обидете се со само неколку едноставни чекори да останете засекогаш млади, барем длабоко во себе.

Group of designers working together

Исфрлете ги сите неважни бројки, вклучувајќи ги годините, тежината и висината. Оставете им на докторите да се грижат за тоа, и онака за тоа ги плаќате.

Задржете ги веселите пријатели. Мрзливите луѓе само ќе ве влечат надолу.

Продолжете да учите. Научите како да ја користите технологијата или пак некој занает кој отсекогаш го сакавте. Никогаш не дозволувајте мозокот да стагнира.

Уживајтево едноставните и мали нешта!

Смејте се често, долго и гласно. Смејте се додека не останете без здив. И ако имате личност која постојано ве засмева, останете со неа подолго од вообичаено.

Солзите се неизбежни, но затоа поднесете ги храбро, тагувајте кратко и продолжете понатаму. Живете со широко отворени очи и максимално отворено срце!

Бидете опкружени со она што го сакате, без разлика дали тоа е домашно милениче, музика, спомени, билки, некое хоби. Домот претворете го во удобно катче.

Негувајте го своето здравје. Ако е добро сочувајте го, а ако е нестабилно подобрете го.

Не одете на патување само кога морате. Прошетајте до најблискиот парк, друг град или друга земја кога и да имате шанса и можност.

Кажувајте им на луѓето дека ги сакате – кога и да можете и посакате.

Додади коментар

Би те интересирало и

Жените кои водат љубов барем еднаш неделно стареат побавно

Сексуалните односи го успоруваат стареењето кај жените, дури и ако не уживаат во интимноста – ...

Шише „Пенфолд гранж“ на аукција во Австралија продадено за над 35.000 евра

Шише исклучително ретко вино на познатата австралиска винарија „Пенфолдс“, е продадено за 51.750 австралиски долари ...

Close