Солзавец за туристите во Париз

Хотелите и патиштата во близина на францускиот аеродром „Шарл де гол“ се редовна мета на ограбувачи. Во текот на минатиот викенд ограбени се околу 20 туристи пред  хотел кој се наоѓа во непосредна близина на аеродромот. Туристите меѓу кои имало Французи, Американци и Мароканци чекале автобус пред хотелот кога се појавиле ограбувачи со качулки на главите.

Ограбувачите се заканиле дека ќе употребат солзавец, а потоа им го земале целиот багаж и побегнале со автомобили.Полицијата истакнала дека последниот голем грабеж се случил во ноември минатата година кога на пат кон аеродромот, ограбувачи стигнале до багажот на двајца богати катарски државјани. Вредноста на накиот и предметите  кои ги украле тогаш, била околу пет милиони евра.

 

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Трета ноќ судири меѓу анархисти и полиција во Атина

Самопрогласените анархисти синоќа трета ноќ по ред се судрија со полицијата во пошироката област на ...

Две лица потешко повредени во вчерашната сообраќајка кај Куманово

Две лица се здобија со потешки, а 12 со полесни телесни повреди во вчерашната сообраќајка ...

Close