Сончево и потопло време, со температура до 20 степени

Ќе дува умерен, а во западните делови засилен западен ветер, особено изразен на планините. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има продор на студена воздушна маса од север со засилен северен ветер, а во северните и западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег, но не се очекува врнежите да бидат обилни.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево, попладне облачноста ќе се зголемува, а во текот на ноќта ќе има повремени слаби врнежи од дожд и ќе почне да дува засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 2 до 18 степени.

Утре преку ден облачноста ќе се намали, а од вторник времето ќе биде претежно сончево и студено со ниски утрински температури кои на повеќето места ќе се спуштат под нулата. /МИА

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...