Сончево и топло време со температури до 29 степени

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност не’ очекува денеска во Македонија.

Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 22 до 29 степени. Во Скопје претежно сончево  со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од шест до 26 степени.

Во наредните два дена ќе се задржи стабилно и топло време со натпросечни дневни температури.

Од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, повремено пообилни. Во понеделник попладне, во источните делови има услови за локална појава на грмежи. Во ноќта кон вторник ќе почне да дува засилен северен ветер кој во наредните денови ќе предизвика опаѓање на дневните температури, така што на повисоките планини на север врнежите ќе поминуваат во снег.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...