Сончево и топло, температурата до 29 степени

Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а преку ден со умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност особено на северот од земјата. Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 23 до 29 степени.
Во Скопје слично време со температура од осум до 27 степени.
Влажен бран со врнежи дожд ќе има во недела од претпладневните часови. Овој бран ќе биде проследен со поројни врнежи и грмежи на повеќе места. Ќе дува повремено засилен северозападен ветер, што ќе услови позначително намалување на дневната температура за пет до седум степни.
Во понеделник кога се очекува блах пораст на дневните температури, ќе продолжи да дува северен ветер, а од вторник ветерот ќе биде јужен и во натамошниот период ќе биде променливо, во попладневните делови од денот со појава на нестабилност повремено и со поројни врнежи од дожд и грмежи

Би те интересирало и

Времето денеска: Магла во Скопје, од попладне ветер, а за викендот дожд

Во Скопскиот регион утринава има магла која се очекува да се намалува веќе во претпладните ...

Откажни летови на скопскиот аеродром, забавен патниот сообраќај

Маглата во скопската котлина и натаму го попречува авиосообраќајот  од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ...