Сончево со умерена облачност и слаб јужен ветер

Утринските температури се движат од нулата до 5 Целзиусови степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 7 степени на западот од земјата до 16 степени на југот.

Во Скопје и околината утринската температура е околу нулата, а максималната дневна ќе се искачи до 16 степени.

Во наредните два дена ќе преовладува стабилно време со пораст на дневната температура на воздухот.

Во среда се очекува брз продор на влажна и постудена воздушна маса од север, кој ќе предизвика локални врнежи од дожд, а на повисоките планини снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен, а попладне од северозападен правец. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Потоа до крајот на неделата се очекува стабилно и потопло време.

Би те интересирало и

В петок пресуда за Лазаров за „шамарите во Центар“: Груевски не го коментира признанието на вина од неговиот сопартиец

  Преседан се случи на денешното судско рочиште за насилството во општина Центар, кога четвртообвинетиот ...

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да ...