Сообраќајна незгода во Битола: Мотоциклист се бори за живот

Две лица од кои едно тешко се повредени во сообраќајна незгода, која вчеравечер се случила на улицата „Македонска Фаланга“ во Битола. До незгодата дошло при судир на патничко возило „Цитроен Берлинго“ со битолски регистарски ознаки управувано од четириесет и двегодишниот О.С. и  моторцикл „Јамаха МТ 01“ со битолски регистарски ознаки, управуван од дваесет и осумгодишниот, Ѓ. С. двајцата од Битола.

„Во незгодата со тешки повреди се здобил Ѓ.С., кој е пренесен на КАРИЛ – Скопје и  задржан на лекување, а О.С. се здобил со  телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување во Клиничката болница во Битола“ – соопшти МВР.

Полициски екипи во присуство на Јавен обвинител извршиле увид на местото на незгодата.

Би те интересирало и

НДМ: Знае ли МВР дека со криење на запленетата дрога во дискотека им прави штета на младите

Народно движење за Македонија преку соопштение испратено до јавноста ги поздрави актуелните акциски контроли на ...

Опожарен угостителски објект во Жеровјане

Опожарен е дел од ноќен клуб лоциран во село Жеровјане. Пожарот избувнал вчера околу 6 ...