Сообраќајот отежнат, прекини на дел од патиштата – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Сообраќајот отежнат, прекини на дел од патиштата

На планинскиот превој Ѓавато изутрина во седум часот е укината забраната за тешки товарни возила. Од шест часот изутрина повторно е во целосен прекин сообраќајот на патот Маврово – Дебар, поради снежната лавина што падна синоќа околу 18 часот кај Бигорскиот манастир, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – село Колари и обратно, како и на планинските премини Пресека, Буково и Ѓавато. На патот Тетово – Попова Шапка има забрана за тешки товарни возила и автобуси. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашаст снег, по интервенција на дежурните служби. Снег врне во Крива Паланка, Страцин, Попова Шапка, Павлешници и Кула. Поради отстранување одрони во близина на село Истибања, од викендот е во прекин сообраќајот на патот Кочани – Македонска Каменица.Се користи алтернативен пат Кочани – Виница – Драгобрашта – Бигла – Македонска Каменица. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково./АМСМ

Би те интересирало и

Република Илинденска Македонија е одлична база за решение

Министрите за надворешни работи договорија еден пакет кој што двајцата премиери начелно го потврдија. Она ...

ВРЗАНИ СМЕ ЗА ПАКЕТ РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО КОЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДРОБИ НА ПАРЧИЊА, РЕЧЕ ШЕКЕРИНСКА

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска изјави дека со предлогот „Република Илинденска Македонија“, целта ...