Состојба на патиштата: Влажни коловози и намалена видливост поради магла – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Состојба на патиштата: Влажни коловози и намалена видливост поради магла

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Снег со слаб интинзитет провејува на Попова Шапка, Маврово и Стража кој не се задржува на коловозот, ннформираат денеска од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Според нивните податоци, намалена видливост поради магла од 50 до 150 метри има на патните правци Лисец – Попова Шапка, Ѓавато, Крушево, Плетвар и Струмица.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 

Би те интересирало и

Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО

Петнаесетина минути траеше денешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието, од ...

Забрана за камиони на патот Лисец – Попова Шапка поради наноси од снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози на повисоките места, со остатоци од ...