Состојба на патиштата: Изменет режим на сообраќајот кај Неготино

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива пo влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово, се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одреди. /амсм

Би те интересирало и

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...

Нормализиран железничкиот сообраќај

Железничкиот сообраќај во Македонија е нормализиран откако е исплатен вториот дел од платата на машинскиот ...