Состојба на патиштата: Тековно одвивање на сообраќајот – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Состојба на патиштата: Тековно одвивање на сообраќајот

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в. Острово, сообраќајот ќе се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

АМСМ со предупредување до возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација. /амсм

Би те интересирало и

Сообраќајот затворен од Пршовце до Јегуновце, а по една коловозна лента од Прилеп до Прилепско Езеро

Поради изведување градежни работи затворен за сообраќај денеска и утре ќе биде патниот правец Пршовце-Јегуновце. ...

Времето денеска: Сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста на места ќе ...