Состојба на патиштата: Умерен сообраќај надвор од градовите

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. амсм

Би те интересирало и

Вељаноски до неговите колеги: Се доведуваме во незавидна состојба да ги искинеме нашите универзитетски дипломи

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, испрати отворено писмо до неговите колеги во кое укажува ...

Високо загадување на воздухот во повеќе градови

Утринава е регистрирано високо загадување на воздухот во повеќе градови во Македонија. Мерните станици утрово во ...