Состојба на патиштата: Умерен сообраќај надвор од градовите

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково. амсм

Би те интересирало и

Луиза Винтон: Една од три жени изложена на некаква форма на насилство

Една од три жени или девојчиња е изложена на одреден облик на насилство во глобални ...

Револтирани работници реагираа пред капиите на Фени: Сметаат дека им се пласираат лажни информации

Револтирани работници денеска реагираа  пред капиите на Фени дека им се пласираат лажни информации од ...