Состојба на патиштата: Умерен сообраќај надвор од градските средини

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На патниот правец Р1202 Маврово – Дебар, на делот од с. Рајчица – Мелнички мост, поради асфалтирање сообраќајот ќе биде во целосен прекин, во двата правци, во период од 13:00 до 17:00 часот.

На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово, ќе се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

 

Би те интересирало и

До пладне нема поднесени тужби од партиите до Управниот суд

До денеска во 12 часот нема поднесено тужби од партиите против одлуките на Државната изборна комисија ...

ВИДЕО: Разговаа ли Заев и Груевски по изборите?

Премиерот Зоран Заев во емисијата „Стадион” на Канал 77, одговара дали ќе се менува составот ...