Софија: Свечена церемонија за претседавањето со ЕУ, но и три протести на граѓаните – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Софија: Свечена церемонија за претседавањето со ЕУ, но и три протести на граѓаните

Во Народниот театар во Софија вечерва се одржува свечена церемонија по повод бугарското претседавање со Советот на Европска Унија, на која присуствуваат и високи претставници на ЕУ, на Бугарија и други гости.

„Имаме 6 месеци да вложиме сили, не само за Бугарија. Од една страна треба да бидеме непристрасен модератор во преговорите, но треба да  придонесеме и секој Бугарин да има чувство дека Европската унија прави нешто за него. Денеска имав неколку разговори со големите европски медиуми и неколкучасовен разговор со Туск. Загриженоста кај сите е голема. Во овие 6 месеци има многу настани кои треба да почнат, други да се развијат и трети да завршат. Кохезионата политика, 10 милијарди ева помалку во европскиот буџет, исклучително големи проблеми во регионот…“, посочи во својот говор бугарскиот премиер, Бојко Борисов.

Претседател на Европската комисија, Жан Клод Јункер истакна дека Комисијата ќе биде на бугарска страна, бидејќи според него, соединувањето создава сила.

„Вашето претседателство се случува во еден многу важен момент, кога Европската унија треба да оствари неколку свои иницијативи за граѓаните и не мислам дека нема подобри кандидати од вас, од мојот добар пријател Бојко да ја строите Унијата. И Бојко и вие сте сериозно ангажирани Европејци, сите знаат дека местото ви е во Европа и ќе работиме на тоа“.

Сепак,  церемонијата беше проследена со три протести.

На плоштадот кај споменикот на патријархот Јевтимиј протестираа околу илјада луѓе за „Спас на Пирин“, познат бугарски ски центар, на раскрсницата на улиците „Александар Батенберг“ и „Генерал Гурко“ протестираа десетина полицајци незадоволни од платата од 340 евра, а на булеварот „Васил Невски“ се собра поголема група граѓани кои носеа маски со ликот на германската канцеларка, Ангела Мерел и претседателот на Европска комисија, Жан Клод Јункер.

Протестите беа обезедувани од голем број полицајци.

Македонскиот вицепремиер задолжен за европски прашања, Бујар Османи, по повод преземањето на претседателството со Европската Унија од страна на Република Бугарија неодамна во Скопје оствари неформална средба со бугарскиот амбасадор, Иван Великов Петков. Османи оцени дека претседавањето со Европската Унија од страна на Бугарија претставува голема шанса за Македонија за остварување напредок за европските интеграции.

Би те интересирало и

Продолжува истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ

Властите по итна постапка ја започнаа истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ – тврди косовскиот ...

Изненадувачка посета на Меркел во Софија

Германскиот канцелар Ангела Меркел ќе ја посети на 20 јануари Софија по покана на бугарскиот ...